Лазаров објави поширок список, Македонија добива нов натурализиран репрезентативец
Македонската ракометна репрезентација во претстојната ЕХФ недела ќе ги започне квалификациите за Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари од кои ќе го избере конечниот ростер.
Се истакнува меѓу повиканите Дмитро Хориха, поранешниот ракометар на Вардар, кој е на пат да стане првиот странец во поновата историја што ќе настапи за македонската репрезентација. Украинскиот бек добро е познат на домашната публика по настапите во дресот на „црвено црните“, а неговото потенцијално деби би донело дополнителен квалитет во играта на националниот тим, и во нападот и во одбраната.
Квалификациите Македонија ќе ги отвори со натпревар против Луксембург на домашен терен, додека во второто коло ќе гостува кај Грција, а во нашата група игра и Шведска.




