Ковачовска со бронза на меѓународниот турнир во пинг-понг во Нови Сад
На меѓународниот турнир во Нови Сад, Србија, Изабела Ковачовска донесе медал за македонскиот пинг-понг.
Ковачовска, членот на Ппк Зегин Берово, го освои третото место во парови во јуниорска конкуренција.
Нашата натпреварувачка настапуваше заедно со Љупка Шенк од Босна и Херцеговина и со одлична игра се закитија со медал од овој престижен турнир.
Натпреварувањето во Нови Сад собра 659 пријави во четири возрасни категории.
– Им честитаме на сите наши играчи кои на овој меѓународен турнир ги бранеа боите на своите клубови. Голем дел од играчите забележаа пласман помеѓу 64, 32, 16 најдобри, што е голем успех, исто така – стои во објавата на Пингпонгарската федерација на Македонија.