Македонија

Ковачки бара премиерот да го разреши новиот директор на АНБ поради вмешаност во случајот со Онишченко 

Ковачевски веднаш да го разреши Зарко Милошевски, во спротивно ќе ја потврди директната поврзаност, односно дека и тој лично е дел од шемата за давањето на Македонско државјанство на Онишченко, реагира Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Зарко Милошевски не треба ниту ден повеќе да биде на чело на АНБ. Во јавноста излезе документ од кој се гледа дека токму Милошевски ја одобрил позитивната проверка за Онишченко, со која се потврдува дека тој не е безбедносен ризик за државата. Доколку Зарко Милошевски како одоговорно лице во АНБ не ја одобрел позитивната проверка, Онишченко немало да добие Македонско државјанство. Онишченко е руски олигарх, тој е на црната листа на САД, а постојат индиции и дека се мешал во изборите во САД и ова не го говориме само ние, ова се работи за кои постојат докази, а и Стево Пендаровски, колку и да сака да се додоворува на СДС, ги призна сите овие факти“, велат од партијата. 

Тоа што Милошевски со свој потпис, како одговорно лице во АНБ одобрил Онишченко да добие државјанство не е воопшто наивно, а неговото назначување од страна на Ковачевски, како и тоа што веднаш по назначувањето ја сменил комисијата за одговорност, е јасен показател дека Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписникот на проверката, но го поставил за директор со цел истиот да ги покрие сопствените и трагите кои водат до Ковачевски, додава Ковачки.

Според него, јасна е линијата, односно Зарко Милошевски ја одобрил позитивната проверка, Виктор Димовски ја потпишал како директор и ја пратил до МВР, а Ковачевски на влада му доделил државјанство.

„Одговорност мора да има и од Милошевски и од Димовски. Ако Ковачевски не е директно вмешан како последен во алката, тогаш веднаш да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, и да го запре именувањето на Виктор Димовски за амбасадор во Париз“, завршува Ковачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons