Клуб од село со 800 жители може да стане шампион на Шведска
Интересна приказна доаѓа од Шведска, во овој момент во фудбалското првенство на оваа земја, по 19 одиграни кола лидер е екипата на Мјалби, тоа е клуб од село во кое нема ниту 1.000 жители.
Селото се вика Халевик и е сместено на брегот на Балтичкото море на југот на земјата и брои вкупно 813 жители.
Мјалби веќе се запиша во Гинисовата книга на рекорди како екипа од најмало место кое се натпреварува во највисок ранг на едно национално првенство.
Интересно е што играат на стадионот „Страдвален“ кој е сместен во селото и може да прими 6.500 жители, што е неколку пати повеќе од сите луѓе кои живеат во местото.
Навивачи во селото доаѓаат и од околните места.
Тие во овој момент имаат четири бода предност на врвот во однос на второпласираниот Хамарби.
До крајот на првенството останаа уште 11 кола и доколку ја задржат формата историјата ќе ги памети како шампиони од најмало место во шведската фудбалска елита и тоа сигурно ќе биде рекорд кој долго никој не би го срушил.
https://widgets.sofascore.com/embed/tournament/24/season/69956/standings/Allsvenskan%202025?widgetTitle=Allsvenskan%202025&showCompetitionLogo=trueStandings provided by Sofascore