Спорт

Клаузулата која ја побарал покојниот Рајола поради која Халанд нема да направи трансфер во Реал 

Според пишувањата на Кадена СЕР, Реал Мадрид нема да го ангажира Ерлинг Халанд откако сега покојниот Мино Рајола побарал откупна клаузула од само 150 милиони евра.

Ерлинг Халанд оваа недела треба да направи трансфер во Манчестер Сити, Норвежанецот ги одбра „граѓаните“ пред Реал Мадрид и Барселона.

Како што пренесува Кадена СЕР, зделката за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ се искомплицирала кога сега покојниот Мино Рајола побарал откупна клаузула од 150 милиони евра, која ќе се активира од втората година.

Флорентино Перез не сакал да слушне за вакво нешто, претседателот на Реал Мадрид сметал дека клубот прави преголема инвестиција за да дозволи играчот да има можност да замине за толку ниска цена.

Како за споредба, дефанзивецот Едер Милитао има клаузула од 1 милијарда евра.

Прашањето кое се поставува сега е дали Манчестер Сити се сложил на ваква клаузула? 150 милиони евра во денешни услови и не е така голема сума, па доколку „граѓаните“ го прифатиле овој услов, Норвежанецот би можел да направи нов трансфер во блиска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons