Иџе ја оствари првата победа со своето Ферари
Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе почна да победува со својот нов автомобил, Ферари.
Иџе беше одличен и на претходните четири трки на кои се најде на пиедесталот, но денеска го освои првото место на втората трка која се возеше на Глазбехренен во Германија.
„Ова е тоа, ова го чекав, 1. место, прва победа со Ферари“, напиша Иџе на социјалните мрежи по победата.