Инспекторка од АХВ падна вo рацете на полицијата – ја фатија со мито
Во Скопје, во полициска акција, неофицијално е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист.
Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата од функцијата, вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.
Пораката е јасна: нема простор за злоупотреба на службената положба. Секој што е платен од граѓаните има обврска да си ја врши работата професионално и законито, а не да бара незаконска корист користејќи ја функцијата.



