Свет

Има надеж, Русија усно ги прифати клучните украински предлози, тврдат Украинците 

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија изјави дека Русија ја прифаќа позицијата на Украина, со исклучок на ставот на Киев за Крим.

Тој истакна дека Москва вербално се согласила со клучните украински предлози, со што се зголемуваат надежите дека ќе продолжи прекинот на огнот во Украина.

– Руската Федерација даде официјален одговор за сите позиции, а тоа е дека тие ги прифаќаат нашите барања, освен за прашањето за Крим, анектиран од Русија во 2014 година, наведе Арахамија.

Тој додаде дека Москва се согласила дека референдумот за неутрален статус на Украина „ќе биде единствениот излез од оваа ситуација”.

Арахамија посочи дека нацрт-мировните договори се во доволно напредна фаза за да се овозможат директни консултации меѓу лидерите на двете земји. Тој потврди дека евентуалната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе се одржи во Турција.

– Ниту датумот ниту местото се познати, но веруваме дека најверојатно (средбата) ќе биде во Анкара или во Истанбул, потенцира Арахамија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons