Израелската војска: Почна главната фаза на офанзивата на Газа
Израелската армија ја почна „главната“ фаза од својата офанзива во Газа во текот на претходната ноќ, изјави денес неименуван воен функционер, проценувајќи дека илјадници борци на палестинското движење Хамас се кријат во најголемиот град на палестинската територија.
„Главната офанзива врз Газа почна синоќа. Знаеме дека има илјадници терористи на Хамас во Газа“, кажа тој.
Војската го процени бројот на борци на Хамас кои дејствуваат во областа на 2.000 до 3.000.
Израелската армија додаде дека почнала копнена офанзива врз градот Газа и дека нејзините сили напредуваат кон центарот на градот.
„Напредуваме кон центарот“ на Газа, изјави израелски воен функционер.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рано утрово ја потврди решеноста на Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа по интензивните напади на израелската армија во и во градот Газа во текот на ноќта.
„Газа гори. Армијата ја удира терористичката инфраструктура со железна тупаница, а војниците се борат храбро за да создадат услови потребни за ослободување на заложниците и пораз на Хамас“, напиша Кац на платформата Икс.