Извлечени се седумте лица завеани од Лазарополе, двајца работници се повредиле чистејќи го патот
Седумтемина кои поради обилните врнежи од снег беа заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот биле извлечени и се упатиле кон своите домови, соопшти ЦУК.
„Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а притоа двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди“, пишува во соопштението.
Оттаму апелираат до граѓаните да не патуваат во тој правице бидејќи ситуацијата е критична и денеска снегот врне обилен снег.