Свет

Иако беа скапи, за помалку од еден ден се продадени поштенските марки со ликот на Зеленски 

Серија на поштенски марки со ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот поздрав „Слава на Украина“ е распродадена за еден ден во Полска.  Целата сума од продажбата на поштенските марки е наменета за набавка на хуманитарна помош за Украина.

Поштата на Полска испечати ограничено издание на поштенски марки со ликот на  Зеленски, а и покрај нивната висока цена, сите поштенски марки се продадени за помалку од еден ден. Оваа информација денеска  ја соопшти иницијаторот на акцијата, членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух. Испечатени биле 99 листови од по девет марки, од кои секоја е нумерирана и има QR код. Цената на една марка била 500 злоти или 106 евра, пренесува агенцијата „Униан“. Една од поштенските марки ќе му биде врачена на украинскиот претседател, а разгледница адресирана со оваа марка е испратена до рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, на која пишува: „Добравечер, ние сме од Украина“. 

Медиумите јавуваат дека непознати луѓе со црвена боја ја испрскале полската амбасада во Москва, откако Русија побара од Варшава официјално извинување за сличен инцидент во кој беше нападнат рускиот амбасадор во Полска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons