Земјиште се сруши при ископ на темели за зграда во Скопје
Земјиште се сруши при ископ на зграда при што пропадна и дел од тротоарот во близина на Католичка црква, на булаварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.
Жителите од околните згради велат дека уште од стартот предупредувале на небезбедното копање и недостатокот на соодветна заштита.
Пред неполн месец во сличен случај во Кисела Вода загина еден работник а двајца беа тешко повредени.



