Зеленски: Украина мора да се соочи со реалноста
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Киев не сака да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но дека ќе мора да се соочи со реалноста и дека тоа најверојатно ќе биде потребно за војната да заврши.
„Постојат нешта за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не кажувам дека нашиот народ сака да зборува со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста на она низ што минуваме сите заедно“, кажа Зеленски, а пренесува Ројтерс.
Тој кажа дека Украина од тој состанок очекува „да си го врати животот назад“.
„Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на својата територија. Русија сè уште не изгледа дека е спремна за сериозни мировни преговори“, заклучи Зеленски.