Македонија

Закон за сезонските работници – придонесите ќе ги плаќа државата

Пратениците на ВМРО и СДСМ поднесоа предлог-закон за ангажман на сезонски работници со кој работодавачите ќе се обврзат да ги плаќаат сите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за работниците, без разлика дали работат неколку недели или неколку месеци. Ова, како што најави предлагачот Тони Јаревски, нема да претставува пречка за студентите кои добиваат стипендија, за невработените кои примаат социјална помош и за пензионерите кои примаат пензии.

Претседателот на Комисијата за економски прашања и труд, Бојан Стојановски, објасни дека овој предлог-закон ќе им помогне и на работодавачите бидејќи сега ќе има законска рамка за работа.

Овој предлог- закон се однесува само на три сектори, земјоделството, домашните услуги и угостителството. Предлог-законот е во согласност со стратегијата за формализирање на неформалната економија на Северна Македонија за периодот 2023-2027 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons