Жени кои споделувале објави дека водата во Скопје не е за пиење повикани во полиција
Две жени кои споделувале објави дека водата во Скопје не е за пиење и има бактерии биле повикани во полициска станица, дознава порталот „Скопје1“.
Рекацијата на органите за безбедност доаѓа откако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција кажа дека намерно се правела паника меѓу граѓаните и дека зад сето тоа стоела опозициска политичка партија.
Порталот наведува дека двете жени ќе треба да кажат кој им ја дал информацијата, зошто ја споделиле иако не ја провериле, а полицијата ќе треба да најде одговори на прашањата дали за намерно правење паника биле платени фејсбук профили.
Инаку Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференцијата обвини дека на социјалните мрежи се шират непотврдени информации кои предизвикуваат вознемиреност, а како последица граѓани почнале масовно да купуваат вода во маркетите и најави дека надлежните институции ќе постапат против оние кои намерно шират лажни информации.



