Свет

Еруптираше вулкан во Индонезија 

Вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава повторно еруптира исфрлајќи пепел на небото над регионот Лумајанг, јавува „Анадолија“.

Според локалните власти, повикувајќи се на Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси, вулканската пепел достигнала висина од еден километар.

„Сеизмографот забележа максимална амплитуда од 22 мм, а ерупцијата траеше 165 секунди“, соопштија локалните власти.

Властите ја прогласија областа на осум километри околу Семеру за зона за евакуација.

На 3.676 метри надморска височина планината Семеру е еден од најактивните вулкани во Индонезија, чии ерупции често резултираат со смртни случаи.

Индонезија, која се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, има највисоко ниво на сеизмичка активност и вулкански ерупции во светот со повеќе од 120 активни вулкани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons