МакедонијаНајново

Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија

Компанијата ОКТА информира дека од денеска овозможува попуст на сите свои добавувачи за дизел гориво кој ќе изнесува 2 денари по литар. Информацијата ја потврди компанијата преку официјално соопштение.

“Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива.

Со најновата иницијатива, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра. Со ова,компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на потрошувачите, бизнисите и пошироката економија во периоди на зголемена нестабилност на пазарите.“ – информираат од компанијата.

ОКТА ги снабдува над 80% од бензинските станици во Македонија вклучувајќи ја и најголемата мрежа на Макпетрол

Дизелот вчера поскапи за 2 денари по литар и достигна до 99 денари. Сега со намалувањето, цената се враќа на исто ниво како пред поскапувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons