МакедонијаНајново

ДКСК отвори 65 предмети за корупциски пријави во предизборниот период

Шест иницијативи за кривично гонење, веќе доставени до Јавното обвинителство и 5 иницијативи за утврдување одговорност во одредени институции се дел од 65-те отворени предмети во Антикорупциската комисија, по пријавите за злоупотреби и повреди на изборните и антикоруптивните правила. Околу 58 одсто од сите предмети се поврзани со сомневања за прекршување на забраната за вработувања и отпуштања во предизборниот период. Антикорупционерите укажуваат дека сегашните закони не им дозволуваат да следат дали и колку се злоупотребувале службените возила за предизборни цели. Половина од институциите воопшто не доставиле податоци. Сепак, во соработка со МВР направен е регистер и утврдено е дека околу илјада и 300 институции користат над 13 илјади автомобили.

-ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕ ПРАВНА ПРАЗНИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА, НЕ БЕВМЕ ВО МОЖНОСТ ДА ПОВЕДЕМЕ ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА БИДЕЈЌИ ВО ЗАКОНОТ НЕ Е УТВРДЕНА ВИСИНА НА ГЛОБА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СМЕ ОНЕВОЗМОЖЕНИ ДА СЛЕДИМЕ ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА СЕ КОРИСТАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАМПАЊАТА ИЛИ ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ, А НЕ САМО ЗА СЛУЖБЕНИ ЦЕЛИ, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК, ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА.

ДКСК утврдила дека 77 одсто од приходите на партиите за финансирање кампања во претседателските избори и 64 проценти во парламентарните избори се пари од државниот буџет, што е добра подлога за корупција.

-ПОТРЕБНО Е ДРЖАВНОТО ФИНАНСИРАЊЕ ДА СЕ УКИНЕ ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕ КОРУПЦИСКИ РИЗИЦИ И ИДНО ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВРЗ УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА МЕДИУМИТЕ, РЕЧЕ ДИМИТРОВСКА.

Членовите на Комисијата за политички систем без забелешки ги прифатија извештаите на Антикорупциската комисија за претседателските и за парламентарните избори и ги проследија до собранискиот пленум.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons