Дебитант во Формула 1 испиша историја
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ќе стартува од пол-позицијата на спринт трката во Формула 1 пред Големата награда на Мајами, САД, откако беше најбрз во квалификациите.
Антонели стигна до пол позицијата со време од 1:26.482 минути. На само 19 години, тој стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран При или спринт трка.
Тој беше за 0,045 секунди побрз од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, и за 0,100 секунди побрз од колегата возач на Мекларен, Ландо Норис.
Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул беше четврти, а возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше петти.
Шестото и седмото место ги освоија возачите на Ферари – Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
До 10 позиција се и Александар Албон (Вилијамс), Исак Хајар (РБ) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Спринт трката е на програмата од 18.00 часот, а квалификациите се од 22.00 часот. Трката за Големата награда на Мајами ќе се вози во недела од 22.00 часот.