Дарко Чурлинов се враќа во Шалке
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во редовите на германскиот второлигаш Шалке. Тој во текот на денешниот ден, како што информира „Кикер“, треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да потпише шестмесечен договор за позајмица од Барнли.
Чурлинов имаше фантастични денови во тимот од Гелзенкирхен, му помогна на Шалке да се врати во елитата, а потоа направи трансфер во Барнли. Сепак, болеста и долгото отсуство од терените не беше на негова страна во англискиот клуб.
Шалке ќе има опција и за комплетно откупување на договорот на Чурлинов. Во јуни ќе треба да плати 2,5 милиони евра доколку сака да го има македонскиот репрезентативец со перманентен договор.