Свет

ДАДОВМЕ 100.000 БУГАРСКИ ПАСОШИ, А ТИЕ ЛУЃЕ СЕ ПЛАШЕЛЕ ДА СЕ ИЗЈАСНАТ КАКО БУГАРИ: Трифонов за македонскиот попис

Слави Трифонов лидерот на „Има таков народ“, парламентарна партија во бугарскиот парламент има забелешки кон официјалните резулати од пописот во Македонија кои беа објавени денеска. Трифонов вели дека на претставувањето на резултатите Бугарите не ни биле споменати, а потоа било објавено дека во Македонија како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани, што според него значи дека Бугари скоро и да нема. Трифонов вели дека тоа не е точно и дека во Бугарија се издадени повеќе од 100.000 бугарски пасоши на граѓани од Северна Македонија. 

„Само во последните 2 години, кога светот го затвори пандемијата, бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“. Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Северна Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја, вели Трифонов.

Додава дека ова ја кочи Македонија на патот кон ЕУ.

„Зборувам само логички – ако сака Северна Македонија да биде нормална, европска земја и да биде дел од Европската унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права да не бидат компензирани.

Значи, моето мислење е дека додека не се случи ова, Северна Македонија само ќе биде дел од Западен Балкан, напиша ТРифонов на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons