Актуелно

Градот не реагира, остануваме на блокадите, изјави Јовановски

Никој ништо не кажува, нема никаква реакција од Град Скопје, засега блокадите ќе останат, изјави директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз”, Ленин Јовановски. Во претходна изјава денеска Јовановски рече дека „ако сака министерот за локална самоуправа Ристо Пенов може и тенкови да испрати за да ги отстрани блокадите“, но дека, како што нагласи, протестот е законски најавен. Неговата реакција беше поради изјавата на Пенов дека Владата има ингеренции со насилни методи да ја прекине блокадата на Скопје.

„Се чекаше известување од Градот, но засега нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат“, изјави за МИА Јовановски.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” од вчера наутро повторно протестираат со блокади на три од клучните сообраќајни точки во Скопје, односно на крстосницата пред ТЦ „Мавровка” и пред Црвен Крст, како и на булеварот „Илинден”, крај бараките на Град  Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons