Големо поевтинување на горивата од полноќ, ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на одлуката од 1.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171%, кај дизелот за 3,728%, кај екстра лесното масло за 4,476% и кај мазутот зголемување за 1,600%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/ лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.
Од 5.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)