ВЧЕРА ГОРЕШЕ МАКЕДОНИЈА, ЕВЕ КОЛКУ ПОЖАРИ ИМАЛО: Ги гаснеа со полициски хеликоптери
Во текот на вчерашниот ден во Македонија избуваа два големи пожари, кај Неготино и во демиркаписко. За среќа тие се изгаснати, информираше МВР, синоќа.
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало 17 пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари.
-Горела претежно ниска шума, стрништа, нискостеблеста вегетација и борова шума. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека поред последните утрински информации, пожарот на место викано „Гоцева шума“, Општина Неготино е ставен под контрола. На терен биле два пожарникара со едно ПП возило, кои вршат догаснување на пожарот каде што на одредени места се уште се забележува чадење. Во пожарот била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари, информира ЦУК.