Вучиќ доби 780 гласови во Скопје и Куманово
Српските претседателски и парламентарни избори се одржаа и на две избирачки места во Македонија.
На избирачкото место во српската амбасада во Скопје, Александар Вучиќ освои 485 или 90 отсто од гласовите од вкупно 538 гласачи, додека Српската напредна партија на парламентарните избори освои 355 или 66 отсто од гласовите, објави порталот Срби.мк.
Во Куманово, каде за првпат беше отворено избирачкото место за српските избори, Александар Вучиќ освои 295 гласови или 95 отсто од вкупно 311 гласачи, додека Српската напредна партија освои 264 гласа или 82 отсто, СПС 20, а останатите листи добиле вкупно 27 гласа.