Актуелно

Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница

Во 10 населени места, на 24 избирачки места во општина Брвеница денеска се избира нов градночаланик откако на 23 јуни годинава почина дотогашниот прв човек на општината Јовица Илиевски.

Во првиот круг од предвремените локални избори, ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство, па сега во вториот круг остануваат двајца кандидати. 

Гласањето почнува во 7 часот кога се отвораат избирачките места и се гласа до 19:00 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. 

Победник на изборите е кандидатот кој добил поголем број гласови. Доколку и во вториот круг од кои било причини не биде избран градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата. 

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ИО, ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons