Во Токио се одржа натпревар во спиење за награда од околу 11.000 евра
Во Токио се одржа натпревар во спиење за награда од околу 11.000 евра, организиран од компанија за производство на душеци, на кој учествуваа десетици учесници.
На натпреварот наречен „Мет трка“, натпреварувачите беа опремени со уреди за следење на сонот, а натпреварот се одржа во понеделникот, пренесува Јапан тудеј.
Победничката се претстави како Суими и беше избрана врз основа на тоа колку брзо заспала и колку длабоко спиела во текот на 90 минути.
„За Јапонија често се вели дека е земја која страда од недостиг на сон, а луѓето тука се многу вредни и посветени на својата работа“, изјави Ричиро Накама, креативен директор на „Коала слип Јапан“ – компанијата што го организираше натпреварот.
Податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажаа дека Јапонците спиеле во просек седум часа и 24 минути дневно во 2021 година, што е најмалку меѓу земјите членки на ОЕЦД опфатени со податоците.
Експертите ги наведуваат долгото работно време, долгото патување до работа и ноќниот живот како некои од факторите.



