Свет

Во Косово експлодирала бомба, 9 повредени. Полицијата трага по три лица 

Рано утрово рачна бомба експлодирала на сточарски саем во Призрен. Во експлозијата се повредени девет лица, потврди косовската полиција, пишува Н1 Србија.

Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар на Регионалната болница Призрен. Полицијата трага по тројца осомничени.

„Денеска околу 4 часот и 50 минути полицијата доби информација за случај на повреда на саемот за животни во Призрен. Според првите информации, се сомнева дека девет лица се здобиле со повреди од експлозија на рачна бомба“, изјави Весел Гаши, портпарол на полицијата во Призрен, пренесува порталот Коха.

„Сите повредени се згрижени во Ургентниот центар на Регионалната болница Призрен. Полицијата излезе на местото на настанот, а информиран е и обвинителот. Регионалната истражна единица на Призрен пристигна на местото на настанот и собира докази и изјави на сведоци. Идентификувани се тројца осомничени и полицијата трага по нив“, додаде Гаши.

Засега нема информации за мотивите на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons