Во големата полициска акција во Скопје и Струмица запленети рекродни 27 тони марихуана?
Во големата полициска акција за заплена на марихуана која што се спроведуваше синоќа во Скопје и во струмичкиот регион, според неофицијални информации, одземени биле околу 27 тони дрога.
Ова веројатно е најголемата заплена во историјата на државата.
Според првичните податоци кои беа споделени во дел од медиумите, околу 10 тони марихуана биле складирани во кругот на фирма во Скопје.
Акцијата ја спроведуваше Министерството за внатрешни работи по насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а станува збор за повеќемесечна истрага насочена кон организирана криминална мрежа поврзана со нелегално производство и трговија со марихуана.
Истрагата доаѓа непосредно по акцијата во Србија, каде што беа откриени пет тони марихуана во магацин во близина на Крушевац, за кои српските власти тврдат дека потекнуваат од Македонија.



