ВНИМАВАЈТЕ СО ПЕТАРДИТЕ: Какви штети предизвикуваат за воздухот, здравјето на луѓето и на животните?
Македонија и онака се гуши во загаден воздух, а петардите само додаваат „масло на огнот“. Тие се штетни за квалитетот на воздухот, за здравјето на луѓето и за животните и можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Петардите имаат сериозни последици врз физичкото и менталното здравје.
„Респираторни проблеми: Фини честички и токсични гасови го иритираат дишниот систем, особено кај луѓе со астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), и деца. Кардиоваскуларни болести:Честичките PM2.5 можат да предизвикаат воспаление во крвните садови, што го зголемува ризикот од срцев удар или мозочен удар. Ментален стрес: Гласниот звук од петардите предизвикува анксиозност, особено кај постарите лица, деца и лица со посттрауматски стрес (PTSD). Повреди: Неконтролираното користење на петарди предизвикува сериозни повреди на раце, очи и уши, а во некои случаи и трајни оштетувања или смрт“, додава таа.
Петардите имаат деструктивен ефект и врз животните. Гласниот звук од петардите предизвикува паника кај кучиња и мачки. Тоа може да резултира со напади, бегство или повреди. Кај чувствителни животни може да предизвика дури и срцев удар.
„Диви животни: Во природата, гласните експлозии ги плашат птиците, при што често се случува тие да ги напуштат гнездата или да се повредат додека бегаат. Животни на фарми: Гласните звуци предизвикуваат стрес кај кравите, овците и другите животни, што може да влијае на нивната продуктивност и здравје. Користењето на петарди носи сериозни негативни последици врз воздухот, здравјето на луѓето и животните. Загадувањето од петардите дополнително ги влошува веќе високите нивоа на загаденост во урбаните средини, а нивните звучни и хемиски ефекти предизвикуваат значителна штета врз заедницата. Препорака: Наместо петарди, препорачуваме употреба на еколошки и тивки алтернативи за прослави, како што се светлосни шоуа, што ќе ја заштитат животната средина и ќе обезбедат мир за сите“, додава Трпески.
Полицијата и годинава заплени илјадници парчиња петарди во повеќе македонски градови. Meсецов дете во Загреб го изгуби видот на едното око и се здоби со изгореници поради петарди. Секоја година, надлежните апелираат, да се слави, ама без пиротехника. Скопје и оваа зима има алармантно аерозагадување, и е меѓу најзагадените градови во светот.