ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот протест покажа дека е само една заедничка парада на СДС и ССМ со која ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати
СДС и ССМ денес покажаа на дело дека се едно.
Во текот на денешниот протест низ улиците се гледаат лица со промотивен материјал и обележја на СДС, лица кои носат маици со натпис СДС.
Ова е само доказ за нашите пресови. Пресови во кои информиравме дека ова не е борба за работнички права на Синдикатот. Пресови во кои укажувавме дека ова е организирана активност на СДС и ССМ под превезот дека се бараат повисоки плати. Ова е само една лага на СДС и ССМ.
Ова е доказ и на нашите информации според кои луѓе се носени за протести и од други градови, а истите се организирани од локални штабови на СДС.
Денешниот протест покажа дека е само една парада со која СДС и ССМ ги лажат работниците дека се залагаат за повисоки плати.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



