Викендов во Македонија ќе ни биде ладен и со ветер, ќе провејува и снег
Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе провејува и снег, особено на повисоките населени места и на планините и Скијачките центри.
Во Скопје и околината исто така времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите тие особено наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени а преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од 2 до 10 степени.
Поради ветерот и ладното време ве советувам доколку излегувате особено во ноќните и во утринските часови задолжително со вас да си понесете значително потопла облека.



