Велс во Скопје доаѓа без главната ѕвезда
Селекцијата на Велс на 25 март игра против Македонија во Скопје во меч од квалификациите за Светското првенство, а селекторот Крег Белами нема да може да смета на Арон Ремзи.
Поранешниот играч на Арсенал и Јувентус, Арон Ремзи кој сега е член на Кардиф, отпадна поради повреда.
Ова е составот на фудбалери кои ги одбра Крег Белами за дуелите со Казахстан и Македонија.
