Британски пар и грчки пилот загинаа во хеликоптерска несреќа на грчкиот остров Сифнос
Во хеликоптерска несреќа на грчкиот остров Сифнос загина британски пар и грчки пилот, соопшти полицијата денес, според новинската агенција Ројтерс.
Хеликоптерот се урна на сув, ридест терен кратко по полетувањето во понеделник вечерта, а причината за несреќата сè уште не е позната.
Ројтерс вчера објави дека противпожарната служба соопштила дека три лица загинале во хеликоптерска несреќа на грчкиот остров Сифнос.



