Бајден одобри воена помош од 571 милион долари за Тајван
Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри воена помош од 571,3 милиони долари за Тајван, објави Белата куќа.
Белата куќа во соопштението вели дека Бајден го овластил секретарот за домашна безбедност да го насочи повлекувањето до 571,3 милиони долари во вид на одбранбена опрема и услуги од Министерството за одбрана, како и обука и воено образование, за да му даде помош на Тајван, објави Ројтерс.
Детали за видот на опремата и услугите не се објавени.
Пентагон, исто така, соопшти дека Стејт департментот ја одобрил потенцијалната продажба на Тајван на опрема за модернизација на командните, контролните, комуникациските и компјутерските системи во вредност од околу 265 милиони долари.
Министерството за одбрана на Тајван истакна дека продажбата на опрема ќе помогне да се подобрат нивните системи за команда и контрола.