Актуелно

АХВ: Уништени се 110 килограми небезбедна храна од болничките кујни 

Инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела уништија 110 килограми небезбедна храна од кујните во болничките установи во земјава. Спроведени се 43 вонредни инспекциски надзори.

Со контролите утврдено е дека пет кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, четири не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. Осум од кујните не ги задоволувале барањата за добра хигиенска и добра производствена пракса како барања за безбедност на храната.

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се пет парични казни, соопшти АХВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons