Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 125 дестинации 

Сингапур е земјата која обезбеди најголема слобода за патување за своите жители, според новиот квартален извештај објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој „Henley & Partners. Сингапурците уживаат безвизен пристап или со виза на барање до 192 дестинации ширум светот.

На второ место се искачија три европски земји – Германија, Италија и Шпанија, чии граѓани можат да посетат 190 дестинации без виза.

На третото место на Јапонија и Јужна Кореја им се придружија Австрија, Финска, Франција, Луксембург и Шведска. Нивните граѓани уживаат пристап до 189 дестинации без потреба од претходна виза.

САД и Велика Британија се на надолна траекторија од 2014 година, но Велика Британија скокна за две места и сега е на 4-то место во рангирањето (188 дестинации). Во меѓувреме, САД паднаа уште две места, на осмото место, со безвизен пристап до само 183 дестинации.

Хрватска е на 14 место со 175 дестинации без потреба од претходна виза.

Србија ја зазема 34-та позиција (137 дестинации), Македонија и Црна Гора се на 43-та и 44-та позиција (125 и 124 дестинации без визи), додека Босна и Херцеговина е на 47-та позиција со 118 дестинации.

Зад БиХ се Албанија (117), Грузија (117) и Русија (115). Косово е на 94-та позиција со само 42 дестинации во кои граѓаните можат да влезат без виза.

Граѓаните на Авганистан без претходна виза можат да посетат само 27 дестинации, веднаш над нив се државјаните на Ирак (29 дестинации) и Сирија (30).

Индексот за пасоши на Хенли е еден од неколкуте индекси создадени од финансиските фирми за рангирање на глобалните пасоши според пристапот што им го обезбедуваат на своите граѓани. Покрива 227 дестинации за патување. Се ажурира во реално време во текот на годината, кога ќе стапат на сила промените во визната политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons