МакедонијаНајново

АХВ во засилени контроли во Липково: Се појавија сипаници кај козите и овците

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорот на АХВ, Оливер Миланов, денеска одржаа итна средба со одгледувачите на овци поради појавата на болеста сипаници во кумановскиот регион. Надлежните апелираат на максимална будност и строго почитување на протоколите за да се спречи создавање на нови жаришта низ државата.

Во моментов се спроведуваат засилени контроли во радиус од 10 километри околу жариштата во општина Липково. Сточарите се должни секоја промена или зголемена смртност кај стадата веднаш да ја пријават кај ветеринарните друштва, а движењето на животните е дозволено исклучиво со валиден ветеринарно-здравствен сертификат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons