Македонија

Алабаковски: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола 

За првпат по палењето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, пејачот Ламбе Алабаковски се огласи на темата. Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

 „Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

За потсетување, пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

На 22. март, годинава, Централниот регистер на Македонија објави дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од регистарот, по проценката на ресорната комија донесена на 16. март годинава. Владината Комисија за именување на тогашната седница даде негативно мислење за употребата на името на оваа контроверзна личност. Според  членовите на комисијата, Михајлов е близок на фашистичката идеологија, со што именување на здружението по него е провокација за Македонскиот народ.Причината за престанок на клубот е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, бешенавеедено, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. 

„Сме избришани, но не и поразени“, вака изјавил претседателот на сега веќе поранешниот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски по бришењето на клубот од Централниот регистер. Георгиевски во интервју за бугарските медиуми истакнал и дека „Македонија порано или подоцна ќе мора да направи измени во Уставот и да ги вклучи Бугарите како државотворен народ“.

„Да, избришани сме, но уште не сме поразени. Решението на министерот за правда го обжаливме до Уставниот суд. Ќе продолжиме да се бориме и да си ги бараме правата по судски пат. Веруваме дека РСМ ќе стане подобра земја за живеење за Бугарите. Веруваме дека ќе не вклучат во Уставот. Со тоа Бугарите ќе станат еднакви со сите други народи“, истакна Георгиевски во разговор за „Bg on air“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons