МакедонијаНајново

Ал Џезира: Центарот на Скопје со најниски кирии од сите главни градови во регионот 

И покрај растот на цените, побарувачката за недвижности постојано расте. Енормното поскапување на градежните материјали посебно влијае на растот на цената на новоградбата.

Со увид во глобалната база на податоци Numbeo, Ал Џезира ги истражуваше цените на недвижностите во главните градови на земјите во регионот, а како репер се зедоа двособни станови.

Податоците на Numbeo покажуваат дека изнајмувањето двособен стан во центарот на градот во просек е најскапо во Љубљана (651 евро), а најевтино во Скопје – 264 евра.

Загрепчани за двособен стан во центарот на градот во просек ќе потрошат по 498 евра, а надвор од центарот 374 евра.

Во центарот на Белград за истиот стан месечно се издвојуваат 456 евра, а за двособен стан кој не е во центарот на градот 374 евра.

Корисниците на веб-страницата Нумбео за Подгорица велат дека за изнајмување на двособен стан во центарот на градот издвојуваат 339 евра, а надвор од центарот 239 евра.

Врз основа на 124 пријави од Приштина, изнајмувањето на двособен стан во центарот на градот чини 277 евра, надвор од центарот – 216 евра.

Изнајмувањето стан во центарот на Сараево во просек чини 269 евра, надвор од центарот е 180 евра.

Во Скопје стан во центарот на градот чини во просек 264 евра, а надвор од центарот 188 евра.

Која е цената за метар квадратен?

Кога ќе се погледне цената на станот, повторно е најскапа Љубљана. Во центарот на градот, метар квадратен двособен стан чини 4.277 евра.

Квадратен метар двособен стан во центарот на Загреб во просек чини 3.440 евра, во Белград 3.099 евра.

Во Сараево, пак, цената е нешто пониска – квадрат во центарот на градот во просек чини 1.838 евра.

Квадратен метар двособен стан во центарот на Подгорица чини 1.556 евра, во центарот на Скопје 1.461 евро, во Приштина 1.365 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons