Mакедонската песна одекна во Италија — хорот на скопското училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ освои пет први места на меѓународен натпревар
Хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје освои пет први места и други награди на меѓународен фестивал во Јесоло, Италија.
Во време кога младите сè помалку се занимаваат со македонскиот мелос, хорот покажа дека традицијата сè уште живее и тоа на најголемата европска и светска сцена.
Учениците на маестро Вера Ангеловска, со огромно срце и љубов кон музиката блеснаа на бината во Јесоло и ја оправдаа домашната шампионска титула со прво место за хорот, четири први, четири втори и четири трети места за солистите кои учествуваа.
– Успехот е победа на воспитувањето, на посветеноста и на љубовта кон сопствените корени. А, хорот кој Вера Ангеловска со години го создаваше, градеше и носеше до врвот, нека биде инспирација за младите генерации, како се сака, негува и брани татковината. Со победа. Со македонска песна. Со деца кои покажаа дека македонската музика има иднина – се вели покрај видеото објавено на Јутјуб.



