Mилевски: Атмосферата е одлична, против Украина само победа е опција
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17. октомври, 15:00 часот).
Натпреварот против Украина е веројатно и најважниот во овој циклус и само со победа ќе останеме во игра за пласман на Европското првенство.
„Само победа и на нас и на Украина е во оптимална ситуација да се најдеме и по овој меч. Мислам дека ќе биде еден отворен меч поготово што нерешениот резултат не одговара на двете екипи. Потоа ни следуваат два меча против Италија и Англија, па ќе видиме што ќе ни донесе дуелот во Прага.
На секој меч очекуваме да победиме и се правиме во функција на тоа, без разлика дали играме со Италија, Малта или Украина. Сепак од другата страна има противник и не зависи само од нас. Атмосферата во тимот е одлична посебно по двата одлично одиграни меча во септември“, изјави Милевски.