Актуелно

Скопјани се трујат со загаден воздух, лекарите бележат зголемен број на пациенти 

Мерки нема, а Скопје повторно на врвот најзагадени во светот. Македонскиот главен град на листата е единствениот во Европа со алармантно опасен воздух. Измерени се штетни честички дури 20 пати над дозволеното. Ваквата ситуација веќе се одразува по здравјето на граѓаните. Матичните лекари периодов бележат зголемен број пациенти со респираторни и кардиолошки проблеми поради воздухот. Тешко дишење , кашлица, тахикардии и главоболки се најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните, вели доктор Бојан Трајковски.

-Генерално најчест симптом е кашлицата која трае со денови и не престанува и покрај терапијата која ја даваме, изјави д-р Бојан Трајковски, матичен лекар.

Иако загадувањето од година во година го зголемува бројот на пациенти со респираторни проблеми, според доктор Трајковски државата не става акцент на превенцијата туку на лекувањето. Граѓаните се оставени сами на себе да се заштитуваат.

-Генерално како совет, постарите ако се во можност да излезат од Скопје и да престојуваат некаде на планина на чист воздух, додава д-р Трајковски.

Инаку надлежните вчера ги укинаа препораките за најранливите поради енормното загадување, а од денеска нема бесплатен превоз во Скопје, во Куманово пак граѓаните наредните 6 месеци во автобусите ќе се возат без пари за да се намали загадувањето, но и метежот во центарот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons