Над 250 слободни работни места во администрација 

Државните служби, јавните претпријатија и општините деновиве имаат отворени огласи за вработување на повеќе од 250 службеници, а најмногу службеници се бараат во Управата за јавни приходи – дури 100. 

Доколку сте заинтересирани да аплицирате за работа во државни служби, треба да знаете дека утре е последен ден за аплицирање за работа во Државен пазарен инспекторат, каде што се вработуваат 13 службеници, и во Општина Гази Баба, за каде што е распишан оглас за вработување на 6 службеници. 

Истовремено, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Скопје вработува 2 службеници и за таму може да аплицирате до задутре, исто како и на огласот за вработување во Агенцијата за вработување.

Отворен е и оглас за вработување во Агенција за цивилно воздухопловство, кој се затвора на 30 декември, како и оние за вработување во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, за каде што се бараат 3 службеници, и за во Министерство за локална самоуправа.

ФЗОМ вработува 33 службеници и на тој оглас може да се пријавите до 3 јануари. Тоа е крајниот рок за пријавување и на огласот за вработување двајца службеници во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но и на огласот за вработување 6 службеници во Министерство за одбрана и оној за вработување 2 службеници во Судски совет

Во меѓувреме, Министерство за економија – Државен инспекторат за техничка инспекцијавработува 2 службеници, а отворен е оглас за вработување и во Државен инспекторат за животна средина.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје вработува 6, а Општина Тетово 19 службеници. 

Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17, УЈП 100, МТСП 9, ПИОМ 2, Собрание 22, Влада 4 и МНР 6 службеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons