ЧУДОВИШТЕ ОД ЦИКЛОН: Носи снежна бура и опасност од поплави во регионот и во Македонија
Според метеорологот Славчо Попоски, може слободно да се каже дека за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица регионот и Македонија ќе ги зафати „Чудовиште од циклон”.
Овој моќен циклонски систем со себе ќе донесе многу дожд кој може да предизвика и локални поплави. Сето ова ќе биде проследено и со силен, до олуен ветер, исто така овие процеси би можеле да бидат застапени и во форма на изразено невреме. Токму поради ваквата состојба метеорологот Славчо Попоски препорачува крајна претпазливост.
Ладниот воздух кој ќе продре во регионот ќе донесе и снег, како на планинските, така и на пониските места (градовите). Снегот поради зголемениот интензитет би можел да прави проблеми.
Кај нас во Македонија снег се очекува само на планинските места.