Свет

ЕУ ИМА НОВ ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КОСОВСКИОТ ПРОБЛЕМ Решението е можно за помалку од една година, тврди висок дипломат 

Тоа не е целосно признавање, но е целосна нормализација на односите, открива високиот европски дипломат кој побарал да остане анонимен.

Европската Унија подготви нов предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со јасен распоред за активности, изјави висок дипломат на ЕУ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Нацрт-предлогот беше испратен до двете страни вчера, рече дипломатот, кој сакаше да остане анонимен. Додаде дека очекуваат конечен договор да биде постигнат за помалку од една година.

– Има многу работи што го прават голем чекорот напред во споредба со сегашната ситуација. Тоа не е целосно признавање, но тоа е целосна нормализација на односите – рече дипломатот.

– Откако ги сослушавме двете страни, го реконструиравме предлогот – рече дипломатот. Предлогот содржи додаток „со јасен календар на дејствија – кога и како треба да се одвиваат работите”.

Дипломатот ги повика Приштина и Белград „да продолжат со конструктивниот ангажман и да се фокусираат на постигнување неповратен напредок во нормализацијата”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons