Митева: После 3 месеци изгубени во дебата и убедување дека оваа мерка не е поволна, конечно прифатија дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен
Марија Митева: Закажаа ВАЖНА пресконференција за да ни соопштат дека ќе продолжат со истата даночната политика – НЕМА воведување прогресивен данок.
Прогресивниот данок им беше едно од главните ветувања на СДСМ. Беше дел од сите предизборни програми во изминативе 13 години и во изминатите 4 изборни циклуси.
На крај, после 3 месеци изгубени во дебата и убедување дека оваа мерка не е поволна, конечно прифатија дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен, развоен и предвидлив даночен концепт за стопанството и граѓаните!