400 евра казна за македонецот кој имал секс со магаре и се пофалил на Фејсбук
Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре. За ова тој е осуден на парична глоба од 400 евра за кривичното дело „задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот не се жалел и пресудата е правосилна. Настанот се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaсот, во близина на фудбалско игралиште на селото каде живеел, пренесува СДК.мк.
-Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.