МакедонијаНајново

Дел од приватните превозници, денеска не возеа

Приватните автобуси на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 од денеска штрајкуваат и не сообраќаат на своите линии. Револтот е затоа што Град Скопје и ЈСП на компанијата „Мак експрес транс“ и должат околу 500 илјади евра, или 30 милиони денари. Директорот на компанијата Милорад Димитриевски изјавува дека три месеци немаат земено плата од Град Скопје и не можат да продолжат со работа. Тој рече дека  минатата недела побарале средба со Град Скопје и ЈСП, но нивното барање не било земено в предвид, пишува Алсат.

Возачите кои имаат сопствени автобуси и кои возат по овие линии велат дека три месеци се обидуваат да работат без да добијат плата, а работат и со загуба поради поскапувањето на горивата.

„За овие три месеци колку што Град Скопје е во минус, принудени сме да се снајдеме како што можевме, со заеми, со кредити или договори со бензинските пумпи за да не го прекинеме работниот процес. Но дојде до таму да немаме можност повеќе да продолжиме… ние должиме некаде, мораме да го вратиме долгот, има многу колеги на кои бензинските пумпи им го стопираа долгот, бидејќи долгот станал огромен и веќе не даваат горива“, рече Хисен Халили, возач на автобус.

Град Скопје молчи за состојбите со приватните фирми кои ги имаат автобуските линии, а  од ЈСП велат дека приватните автобуски линии се заменети со автобуси на компанијата.

„ЈСП Скопје од утрото вклучи свои возила на линиите што ги има „Макекспрес“, односно скопјани не останаа без превоз на линиите што ги има приватниот превозник“ велат од ЈСП.

Последиците од целата оваа ситуација ги трпат и граѓаните.

“Половина час, еден час. Еден час е премногу да се чека. Јас сум пензионер, имам време да чекам, но некој е на работа, работата не го чека, има распоред на работа.

Градот Скопје и ЈСП имаат уште поголем долг кон другиот приватен превозник, чиј износ во моментов е над 700 илјади евра./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons