Актуелно

Фон дер Лајен започнува тура, прва посета ќе биде во Скопје 

Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.

-Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.

Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

-Пораката е солидарноста на ЕУ со регионот, ангажман преку програми кои имаат за цел да се поттикнат инвестиции и волја да се продолжи да се соработува со целиот регион, рече портпаролот.

Во однос на барањето на Северна Македонија да добие помош од Европската Унија за набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарната цена, Ерик Мамер изјави дека нема информации на оваа тема во овој момент.

Портпаролот за енергија на Европската Комисија, Тим Мекфи, за МИА пред неколку дена исто така порача дека за сега ова македонско барање не е на маса во Брисел. Останува да се види дали македонските власти повторно ќе го побараат тоа од фон дер Лајен и дали таа ќе биде во можност да пружа помош.

После Скопје, претседателката ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons